ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Претседателот Штајнмајер пречекан со највисоки државни почести

Со највисоки државни и воени почести е пречекан претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер, кој ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.
По ова следува тет-а-тет средба на двајцата претседатели и пленарен состанок на делегациите на Северна Македонија и Германија. Најавена е и прес-конференција на двајцата претседатели.