ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Претседателскиот кандидат на ГЕРБ: РСМ ќе се интегрира во ЕУ откако ќе ги исполни обврските од Договорот

Интеграцијата на Република Северна Македонија во ЕУ ќе се случи откако ќе ги исполни обврските од Договорот за пријателство, изјави денеска претседателскиот кандидат на партијата ГЕРБ во Бугарија, Анастас Герџиков. Тој ги оцени како многу добри последните изјави на премиерот Зоран Заев и изрази надеж дека тоа не се само празни зборови.

Advertisements

„Нашата позиција мора да биде конзистентна. Сакаме европска интеграција на сите земји од Западен Балкан. Но, интеграцијата на PCM може да се случи откако нашиот западен сосед ќе ги исполни потпишаните обврски во Договорот за соседство. Последните говори на Зоран Заев беа многу добри, да се надеваме дека ова не се празни зборови“, изјави Герџиков во интервју за утринската емисија „Бугарија наутро“ на ТВ „БГ он ер“, пренесе весникот „Труд“.

Тој најавува дека неговата кампања ќе биде позитивна, но најавува дека започнува битка за обединување околу каузите и новиот национален идеал и признава дека има големи поделби.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button