СПОРТФУДБАЛ

“Претсетателот има обврска да свика седница во рок од 21 ден од денот на приемот на барањето за свикување на седница”

Фудбалската федерација на Македонија денеска потврди дека членови на Управниот одбор испратиле допис до првиот човек Муамед Сејдини за свикување на итна седница.

Advertisements

Во соопштението се наведува дека Сејдини има рок во наредните 21 ден ја закаже седницата.

„Фудбалската федерација на Македонија ја известува јавноста дека денеска (31. октомври 2024) се пристигнати дописи до претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини со кои дел од членовите на Управниот одбор на ФФМ бараат закажување на итна седница.

Согласно Статутот на ФФМ, претсетателот на ФФМ има обврска да свика седница во рок од 21 ден од денот на приемот на барањето за свикување на седница на Управен одбор. Во спротивно, членовите на Управниот одбор имаат право седницата да ја закажат самостојно.

Јавноста ќе биде навремно известена за понатамошните случувања“, стои во соопштението.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button