ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Претставниците на партии, како и поддржувачи на Европскиот фронт, продолжуваат да стојат во шатори поставени пред Уставниот суд

Претставниците на партии, како и поддржувачи на Европскиот фронт, продолжуваат да стојат во шатори поставени пред Уставниот суд

Поддржувачите и политичките претставници на Европскиот фронт и понатаму остануваат во шаторите поставени пред Уставниот суд. За време на нашиот престој, се сретнавме со дваесетина луѓе.

Advertisements

Ако Европскиот фронт и нивните лидери синоќа собраа стотици луѓе пред Уставниот суд, денес атмосферата е малку поинаква. Во шаторите кои се поставени пред Уставниот суд во моментов се наоѓаат дваесетина лица кои се назначени за „чувари на јазикот“, а нивниот престој и отстранување на шаторите ќе зависи од утрешната одлука на Уставниот суд

Поранешниот пратеник на ДУИ, Берат Ајдари, не информираше дека нема одреден распоред за тоа кога да престојува, но тоа се прави спонтано во зависност од тоа кој е послободен.

“Тука ќе бидеме до утре. Ќе видиме каква одлука ќе донесе Уставниот суд тогаш ќе се состане Европскиот фронт, и ќе се донесе одлука дали да се продолжи или да се запре утре”,рече Берат Ајдари – Европски фронт.

Потсетуваме дека Уставниот суд утре на дневен ред во 09:30 часот, како прва точка на дневен ред го има оспорувањето на законот за јазиците и во зависност од одлуката што ќе биде донесена во текот на денот, ќе биде следното политичко дејствување на политичките партии од Европскиот фронт, но и пошироко./Алсат.мк

Зекирија Хаџиу

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button