Претстои средба на експертите за уставните амандмани
Претстои средба на експертите за уставните амандмани

Уставните измени не треба да се гледаат само од призмата на државата, туку и од дипломатските случувања во регионот и пошироко. Поранешниот амбасадор и член на работната група за уставни измени, Нано Ружин, во емисијата „Патот кон“ на Алсат рече дека без разлика на позициите на ВМРО-ДПМНЕ, доколку е на власт, вакво нешто и би направила.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски вели дека со ваква постапка не може да има промени. Според него, ниту една опозициска партија не е вклучена во процесот и тој нема да успее.
Министерството за правда сè уште го нема објавено конечниот список на експерти кои ќе учествуваат во работната група. Претходно претседателот Стево Пендаровски пред неколку дена изјави дека го поддржува и отстранувањето на референцата „20%“ од Уставот, оценувајќи дека идентитетот на една етничка група не може да се крие со броеви.
Адриан Керими