ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Превентивни активности на МВР за заштита од пожари

Превентивни активности на МВР за заштита од пожари

Полициски службеници од Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (05.09.) на подрачјата на Секторите за внатрешни работи Тетово, Штип, Скопје и Битола реализираа низа превентивни активности од различни области, важни за безбедноста и сигурноста на граѓаните.

Така, во Гостивар, фокусот беше ставен на организираниот превоз на учениците од дома до училиштето и назад. На средба со сопствениците и одговорните лица на фирмите кои го вршат ученичкиот превоз им беше укажано задолжително да ја проверуваат техничката исправност на автобусите и комбињата, со цел учениците навреме и безбедно да стигнат до училиштето и дома.

На подрачјето на СВР Битола, пак, (во Битола, Прилеп, Демир Хисар, Крушево, Македонски Брод, Ресен) се реализираа активности од областите на заштита од шумски пожари, потоа заштита од имотни деликти, како и од областа на сообраќајот.

Исто така и во Кочани, на подрачјето на СВР Штип, темата на превентивните активности беше сообраќајната безбедност, со посебен акцент на безбедноста на пешаците и велосипедистите преку почитување на прописите за правилно паркирање, додека пак полициски службеници од ПС ОН Штип имаа средба со вработени од деловни објекти на подрачјето на градот со тема посветена на заштитата од имотни деликти во овие објекти. На подрачјето на Скопје, пак, Одделението за превенција при СВР Скопје превентивните активности ги посвети на заштитата од шумски пожари односно подигањето на јавната свест во поглед на анулирање на ризиците од предизвикување на пожари.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button