МАКЕДОНИЈА

Превозниците без лиценца ќе останат без возилата

Отсуството на лиценцирани превозници во Тетово го принуди општинскиот инспекторат да ја промени регулативата. Од инспекторатот велат дека отсега нема да има казни за транспортерите кои немаат лиценци, туку автомобилите со кои превезуваат ќе им бидат конфискувани од 6 до 12 месеци.

Advertisements

„Доколку ги затекнат без дозвола, казната започнува од 500 евра и отстранување од промет на еден месец, тоа е најлесната мерка. Но, сега во соработка со Агенцијата за конфискација на стока ќе започнеме и со запленување возила, за да се воспостави ред. Тоа ќе се заснова на член 99- а, односно од шест месеци до една година, а целата одговорност ја сноси возачот или сопственикот на возилото. Најмногу проблеми имаме од дивите такси. Тие одбиваат и се жалат зошто проверуваме, но крајната цел е да се стави ред и да се подигне стандардот за патниците затоа што се наидува на автомобили кои се од 1994 година, што за наши околности е апсурдно“, рече Касим Дехари, општински инспектор.

Првиот човек на инспекторатот вели дека контролите ќе бидат секојдневни.

Зошто се случува возачите на комбиња или такси возила да немаат лиценци? Одбиваат да се појават пред камера, но од разговорот што го направивме со нив велат дека барањата или условите се многу тешки, особено кога се работи за автомобил од последните неколку години, а не постар автомобил, какви што се над 90 проценти овде во Тетово.

„Тешко е затоа што пред сè сакаат да имаме нови автомобили од 2010 година наваму. Секој не може да купи таков нов автомобил и да вози такси. Секој се труди да преживее со тоа што има. Државата треба да ги намали овие тарифи бидејќи луѓето се сиромашни и ситуацијата е многу сериозна, некој зависи само од таксито и тоа е многу сериозно“, велат таксистите.

Во Тетово, според најновата статистика на Општинскиот сообраќаен инспекторат, над 80 отсто од превозниците со комбиња, такси и автобуси работат на диво без лиценци, додека над 75 отсто од автомобилите се постари од 15 години.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button