ВЕСТИРЕГИОН

Превртен автобус со украински бегалци, еден загинат

Автобус со околу 50 украински бегалци се преврте на главниот автопат во северна Италија во утринските часови во неделата, при што загина едно лице, соопштија италијанските пожарникари.

Advertisements

Како што пренесува агенцијата Асошиејтед прес цитирајќи го италијанското државно радио има неколку повредени во несреќата на автопатот во близина на Форли, град во регионот Емилија-Ромања во североисточна Италија. Останатите луѓе кои биле во автобусот се безбедно евакуирани.
Aвтобусот излетал на страна на тревна падина веднаш зад заштитната ограда на автопатот. Италијанското Министерство за внатрешни работи соопшти дека возилото тргнало од Украина и се движело на југ кон Пескара, пристанишен град на Јадранот.

Околу 35.000 Украинци бегалци кои избегаа од војната во својата татковина влегоа во Италија, повеќето од нив преку нејзината североисточна граница со Словенија./RSE

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button