ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Презентација на Реформската агенда на Владата (2024-2027) во Собрание

Реформската агенда на Владата (2024-2027), која се однесува на Планот за раст на Европската комисија, ќе биде презентирана денеска на третата седница на Комисијата за европски прашања која ќе се одржи во Собранието на Република Северна Македонија со почеток во 14:30 часот.

Advertisements

Реформската агенда ги истакнува заложбите на државата за успешно спроведување на реформите неопходни за подобрување на стандардите во областите како владеење на правото, реформа на администрацијата и енергетската транзиција.

На седницата обраќања пред пратениците ќе имаат претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљаноска – Давкова, амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас и министерот за европски прашања, Орхан Муртезани.

Со седницата ќе претседава потпретседателот на Собранието, Антонио Милошоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button