ВЕСТИСВЕТ

При посета на музеј дете случајно скршило артефакт стар 3.500 години

Семејната посета на музејот Хехт на Универзитетот во Хаифа, Израел, добила неочекуван пресврт кога момчето случајно скршило редок примерок на сад од бронзеното време. Садот, кој датира од 2200 до 1500 година п.н.е. и се користел за складирање на вино и маслиново масло, бил изложен 35 години без заштитни бариери.

Advertisements

Моето дете не го направи тоа, прво помислил шокираниот татко, но подоцна ги известил вработените во музејот откако неговиот син се смирил, пишува Би-Би-Си. И покрај инцидентот, музејот нема да го казни детето, нагласувајќи дека се работи за несреќен случај.

Има случаи каде експонатите се намерно оштетени, а таквите случаи се третираат со голема сериозност и ја вклучува полицијата, изјавил Лихи Ласло, портпарол на Универзитетот во Хаифа.

Директорот на музејот Инбал Ривлин објасни дека бокалот бил изложен без стаклени бариери за да им се овозможи на посетителите директно искуство со археолошките артефакти.

Музејот верува дека посебен шарм е да се доживее археолошко откритие без никакви пречки, изјави Ривлин за Business Insider, додавајќи дека оваа традиција ќе продолжи.

Ривлин го покани момчето и неговото семејство на турнеја со водич, што тие го прифатија. Конзерваторот сега работи на реставрација на садот, кој наскоро ќе биде вратен во првобитната состојба.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button