МАКЕДОНИЈА

При вчерашните насилства на протестите повредени 47 полицајци

При вчерашните насилства на протестите беа повредени 47 полицајци. Насилни демонстранти предизвикаа голема материјална штета на зградата на Собранието и на Министерството за надворешни работи. Полицијата приведе 11 лица, од кои двајца малолетни, а работи на идентификација и на други. Насилството, за кое полицијата вели дека било организирана, било поттикнато од маскирани лица. Меѓу оние кои фрлале бил забележан и пратеникот Димитар Апасиев како фрла камења кон Собранието. За време на протестите се слушаа и антиалбански скандирања. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски претпладнево ги посети повредените полицајци.

Advertisements
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button