ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Причините за пожарот на бродот во Вардар се уште не се познати

Бродот „Радост“ лоциран во Вардар како дел од проектот „Скопје 2014“, кој вчера се запали, воопшто не го пренесува чувството на радост .

Advertisements

Командантот на противпожарната единица на Скопје Звонко Томески изјави дека причините за опожарувањето на галијата дополнително ќе се утврдуваат. Според Томески, таму нема напојување со струја, па сомнежите се дека најверојатно се работи за човечки фактор, но точните причини ќе се утврдат по истрагата што ќе ја спроведат надлежните органи. За среќа, нема повредени. Алсат пред само неколку недели ја информираше јавноста дека бродот кој веќе неколку години се уништува е користен од бездомници како засолниште. Немајќи друго место, четиричлено семејство го направило овој брод свој „дом“, бидејќи немаат друго место за престој.

Еден од бродовите што се наоѓа во реката Вардар, поточно тој што се наоѓа во близина на Министерството за надворешни работи и за чие отстранување беше отворен судски спор, се уште чека да биде отстранет. Оваа галија која е веќе уништена и е во катастрофална состојба, веќе е претворена во засолниште за бездомници.

Од Град Скопје деновиве не одговорија на нашите прашања, чија цел беше да се разјасни судбината на овој брод, дали ќе остане во таква состојба на таа локација или ќе го отстранат од таму. Градот Скопје во септември 2021 година кога раководеше Петре Шилегов соопшти дека бродот ќе биде премстен во рок од еден месец, но сопствебикот тужеше и целата постапка оттогаш се одолговлекува. Договорите за користење на бродови што Град Скопје ги има потпишано со одредени фирми истекуваат во 2035 година, во случај на еднострано раскинување на овие договори Градот мора да плати отштета од околу 6 милиони евра.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button