ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Придржувањето до Преговарачката рамка ги исклучува стравувањата од нови барања од Бугарија, смета Ковачевски

Придржување до Преговарачката рамка и спроведување на уставните измени, кои се содржани во неа со цел да се продолжи со натамошниот чекори во евроинтеграцискиот процес, односно одржување на втората меѓувладина конференција и практично отворање на преговорите по кластери со ЕУ, побара вчера премиерот Димитар Ковачевски, нагласувајќи оти тоа е патот по кој доколку земјата се движи нема потреба да стравува од нови бугарски барања.

Advertisements

Прашањето за евентуални нови бугарски барања се отвори по изјавата минатата недела на министерот за надворешни работи Бујар Османи за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЦ), во која истакна дека Северна Македонија е најмалтретираната земја во процесот на проширување на ЕУ, но и дека е сигурен дека Бугарија постојано ќе формулира нови барања.

По вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, вчера се осврна и премиерот Ковачевски, кој рече дека е во постојана комуникација и со Османи и со Маричиќ и според него изјавата на шефот на дипломатијата е многу јасна и не се разликува од неговите изјави во минатото, ниту пак се разликува од другите изјави на оваа тема.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button