ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Приградско училиште во Клуковец, во мизерна состојба

Во приградското училиште „Васил Главинов“ во село Клуковец од Велес продолжува да се развива наставата во мизерни услови. За време на пандемискиот период кога училиштата беа полупразни, надлежните институции не го искористија моментот да започнат со изградбата на новата училишна зграда што беше ветување долги години од Општина Велес. Од општината се правдаат  дека градежните работи за новиот објект не можат да започнат додека не се отстрани шталата од парцелата каде што треба да се гради училиштето.

Advertisements

Жителите на селото Клуковец се загрижени за судбината на нивните деца. Поранешниот учител Ремзи Шемседини за Алсат изјави дека сегашната училишна зграда е во опасност да се урне во секој момент.

„Средствата се издвоени, има средства, проектот е реализиран, само треба волја кај  градоначалникот Аце Коцевски  да се започне со изградба. Во ова време на пандемија кога децата учеа преку Интернет, беа дома, средства обезбедени, проект реализиран, само волјата на градоначалникот е да не направи добро дело и да се подобрат минималните услови за децата Албанци или за сограѓаните на ова место“

Во основното училиште „Васил Главинов“ во Клуковец има околу 50 ученици од прво до петто одделение. Токму поради тешките услови за учење, на почетокот на секоја учебна година учениците ја бојкотираат наставата со недели.

 Melihate Rustemi 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button