ВЕСТИРЕГИОН

Пријатели на Западен Балкан: Време е за решителен напредок во евроинтеграцијата на регионот

Министрите за надворешни и европски прашања на Австрија, Хрватска, Чешка, Грција, Италија, Словачка и Словенија, собрани во групата Пријатели на Западен Балкан, испратија заедничко писмо до шефицата на европската дипломатија Каја Калас и до комесарката за проширување Марта Кос, во кое порачуваат дека е време за решителен напредок во интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ и презентираат конкретни чекори за поддршка на регионот на неговиот пат кон ЕУ.

Advertisements

Во писмото до Калас и Кос, Пријателите на Западен Балкан наведуваат дека „со агресивната војна на Русија против Украина и другите безбедносни предизвици за нашиот континент, политиката на проширување, една од најефикасните геополитички алатки на ЕУ, доби нова и моќен поттик“, пренесува РТС. Како што посочуваат министрите, во таа смисла, Западен Балкан ќе биде геостратешки лакмус тест за Европската унија.

– Само со интегрирање на овој регион во нашето семејство на ЕУ можеме да обезбедиме стабилност и просперитет на нашиот континент, се вели во писмото.

Се искажува целосна поддршка за одлуката на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, да ја задолжи комесарката Кос да го унапреди процесот на проширување „во следните критични години, надградувајќи го со обновениот моментум“ и да работи на постепена интеграција.

– Ќе продолжиме да поддржуваме уште подинамичен, кредибилен и ефикасен процес на проширување. Дојде време за одлучувачки напредок и ние ќе продолжиме да му помагаме на регионот да ги постигне суштинските чекори на патот кон пристапување во ЕУ, се вели во писмото.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button