
Се уште нема разрешница за незаконските распоредувања на вработени во Министерството за внатрешни работи за време на предизборен период направени од страна на поранешниот заменик министер Назим Буши. Иако антикорупционерите отворија предмет и утврди дека Буши треба да биде кривично гонет, тоа засега не се случи.
ДКСК има поднесено Иницијатива за поведување на постапка за кривично гонење против поранешен Заменик министер за внатрешни работи. По однос на поднесената иницијатива, сеуште не е добиена повратна информација од Основното јавно обвинителство Скопје.
Од Обвинителството пак, за Алсат велат дека веќе е оформен предмет.
Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет и постапува по поднесената иницијатива.
Буши во јули годинава беше под лупа на антикорупционерите и најпрво се утврди дека во предизборен период незаконски издал решенија за распоредување на 189 вработени во Министерството, а предметот потоа беше проширен за вкупно 204 незаконски решенија. Феноменот на незаконски вработувања или распоредувања на вработени за време на предизборна кампања е веќе нотиран и во други институции, како последниот пример со вработувањата во Управата за јавни приходи, кои исто така се под лупа на антикорупционерите./Алсат.мк
Михаило Донев