Пријавата за масакрот во ЗОО се уште не е стигната во Обвинителството
Пријавата за масакрот во ЗОО се уште не е стигната во Обвинителството

Основното јавно обвинителство се уште нема добиено кривична пријава против директорот на Зоолошката градина, ниту за останатите 5 лица кои се вмешани во колењето на 12 коњи во Зоолошката градина.
“Основното јавно обвинителство Скопје сè уште нема добиено кривична пријава за настанот за кој ве интересира. Во случај да биде доставено, обвинителството ќе постапи согласно законските овластувања и ќе ги истражи тврдењата“, велат од Основно јавно обвинителство.
Од МВР велат дека 5-те соработници на директорот се приведени во полициска станица, додека на информативен разговор е повикан и директорот на Зоолошката градина.
„Лицата се приведени во полициска станица, каде што бил повикан и К.С.(35), директор на Зоолошката градина, со кој бил извршен информативен разговор. Инспекторите од Агенцијата за храна и ветеринарство, кои констатирале неправилности во постапките, го отстраниле месото. СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава против сите шест лица во Основното јавно обвинителство. Од извршениот разговор се констатирани фактите и околностите на настанот, а одговорноста и вината ќе ја утврди Кривичниот суд во понатамошната постапка“, изјавија од Министерство за внатрешни работи.
Разрешениот директор Кристијан Стаменов и петмина вработени во зоолошката градина ќе одговараат за кривичните дела незаконски лов и мачење животни. По пријавата во полиција и приведувањето на вработените, Агенцијата за храна и ветеринарство испратила инспектори, кои ги пронашле закланите животни и месото го уништиле во Дрисла.
Од агенцијата тврдат дека се направени низа неправилности.
Инцидентот во Зоолошката градина предизвика бурни реакции во јавноста бидејќи убиените коњи биле носени таму да добијат соодветна грижа, а не да завршат како храна за други животни./Alsat.mk
Еви Шкопи