ВЕСТИЕКОНОМИЈА

„Прилепска Пиварница ја прославува својата стогодишнина на спектакуларен настан“

„Прилепска Пиварница ја прославува својата стогодишнина на спектакуларен настан“

Вчера, на 12 јуни со почеток во 20:00 часот, во хотелот „Мериот“, Прилепска Пиварница ја одбележа значајната 100-годишнина, со настан по повод извонредното патување од 1924 година, па сè до денес.
Присутните имаа можност да уживаат во вечер исполнета со носталгија, пријателство и радост додека заеднички беше оддадена почит кон еден век извонредност на Прилепска Пиварница – камен-темелник на традицијата и квалитетот.

За музичкиот дел беа задолжени Калиопи и Тони Цетински, додека Сашко Коцев ги насмеа сите присутни гости. Свое обраќање на настанот имаа генералниот директор, господинот Сашко Самарџиоски, и заменик-генералниот директор, госпоѓата Панде Самарџиоска.

„Во мое име сакам да ви се заблагодарам што ни се придруживте за да го одбележиме овој значаен настан. Вашето присуство ги исполнува нашите срца со радост и навистина ни е чест што сте тука со нас. Стогодишниот јубилеј е потврда за истрајноста пред предизвиците на времето и општествените контексти, сведоштво за влогот на стотиците, кои со дела, знаење, посветеност и одговорност се вградиле во развојот на оваа компанија и подготвеност да се прифати иднината со доверба и оптимизам“, пред присутните зборуваше госпоѓата Панде Самарџиоска, член на Управниот одбор и заменик-генерален директор.

„Би сакал да ви ветам дека ние, вработените во Прилепска Пиварница, ќе останеме посветени на она што и досега ни беше една од главните девизи во работењето – дека преку максимална посветеност и труд, со континуирани инвестиции во производството, продажбата и маркетингот, секогаш ќе нудиме висококвалитетни производи, преку кои ќе ги задоволиме потребите и на најпребирливите потрошувачи, а во интерес на нашите коминтенти, вработени и принципали и акционери, како и на заедницата во која живееме и работиме преку имплементирање еко-практики и обновливи извори на енергија, постојани донации, спонзорства, поддршка во културата, спортот, медицината, образованието и во другите сегменти од општественото живеење“, истакна генералниот директор и претседател на Управниот одбор, господинот Сашко Самарџиоски.

Прилепска Пиварница има навистина богато портфолио. Пивата Златен Даб и Крали Марко веќе се едни од водечките домашни брендови на пиво, додека Tuborg и Carlsberg, Holstein, 1664 Blanc и Somersby се едни од најквалитетните светски пива, а нивен единствен овластен дистрибутер е Прилепска Пиварница. Освежителниот газиран пијалак Газоза веќе ги освојува и светските пазари, стекнувајќи култен статус дома. Како овластен полнител на безалкохолни пијалaци, Прилепска Пиварница ги полни пијалаците на „Pepsi Cola International“: Pepsi, Pepsi Lime, Pepsi Max, 7UP, Mirinda Lemon и Mirinda Orange. Увозник е на Lipton Ice Tea, како и овластен увозник за производите од познатиот бренд „Књаз Милош“ од Србија, меѓу кои: газираната вода Књаз Милош, негазираната вода Aqua Viva, енергетскиот пијалак Guarana и негазираните овошни сокови Tube како и алкохолните пијалаци St. Nicolaus.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button