ВЕСТИЗДРАВСТВО

Прилепската болница со детали за починатите близначиња: Потврдуваат премрзнување

ЈЗУ Општа болница со проширена дејност „Борка Талески” – Прилеп преку соопштение информира за новороденчињата близначиња, кои вчера починаа а беа стари само 20 дена.

Advertisements

„На 30.12.2024 година, во нашата установа, мајка родена во 2001 година, во својата четврта бременост (близначка), се породи спонтано. Близначињата се недоносени, родени во 34-та гестациска недела. Првото новороденче, машко, е со родилна тежина од 1970 грама, а второто, женско, со тежина од 1780 грама. На 10.01.2025 година, по барање на мајката и со нејзин потпис, новороденчињата се испишани од болницата. На 16.01.2025 година, во 10:45 часот, на одделот за детски болести е донесено женското новороденче во тешка здравствена состојба како резултат на премрзнување. Според достапните информации, машкото новороденче е претходно починато дома од истата причина“, се наведува во соопштението од болницата.

Оттаму додаваат дека по приемот на женското новороденче, веднаш е преземена интензивна медицинска интервенција.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button