МАКЕДОНИЈА

Принуден летен распуст – стартот на школската година одложен за 1 октомври!


Учебната година ќе почне на 1 октомври, најави мандатарот Зоран Заев, откако составот и програмата на новата влада беа доставени до Собранието. Заев рече дека процесот на учење преку Интернет ќе биде концепт за сите, освен за учениците од прво до трето одделение, но секоја општина ќе носи и сопствена проценка за состојбата со коронавирусот.

Заев додаде дека идната министерка за образование, Мила Царовска веќе ги добила сите потребни информации од претходниот колега, Арбер Адеми. Заев додаде дека почетокот на новата учебна година бара измени и во законот за основно и средно образование во согласност со протоколите за модели на настава во пандемски услови кои мора да ги одобри Собранието.

Melihate Rustemi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button