ВЕСТИСВЕТ

Принудно слетување на Боинг 777, му паднало тркало при полетување

На авион од моделот Боинг 777-200 на американската авиокомпанија „Јунајтед ерлајнс“ му отпадна гума при полетување од аеродромот во Сан Франциско, поради што авионот, кој летал за Јапонија, морал да биде пренасочен кон Лос Анџелес, пренесе Еј-Би-Си њуз.

Авионот безбедно слета на меѓународниот аеродром во Лос Анџелес, соопшти Федералната управа за авијација на Сoединетите Држави.

На видеото објавено на социјалните мрежи може да се види како авионот полетува, а веднаш по полетувањето му паѓа гумата и паѓа врз автомобил, паркиран покрај пистата. Никој не е повреден, но задниот дел од автомобилот е смачкан, како и жичената ограда до автомобилот. Друг автомобил во близина веројатно е оштетен.

„Ние сме им благодарни на нашите пилоти и кабинскиот екипаж за професионализмот што го покажаа во дадената ситуација. Исто така, се заблагодаруваме на нашите тимови на земја кои чекаа да го одвлечат авионот кога тој слета. Благодарност и до нашите тимови на аеродромот кои им помогнаа на патниците“, се наведува во соопштението на „Јунајтед ерлајнс“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button