Припадниците на еврејстата верска група не планираат да останат во земјава

Членовите на еврејската религоиозна група „Лев Тахор“ по три дневен престој во Охрид, каде се сместени во хотел, во селото Лакочереј, велат дека, не сакаат да остана ттука и дека се дојдени исклучиво како туристи и оти бегале од теророт со кој се соочувале.
„Македонија е прекрасна земја, народот е добар, независно што поединци негативно реагираат на нашето присуство. Немаме планови да бараме никаков постојан престој, тука сме привремено, имаме дозвола од тримесечен престој, а немаме намера да останеме тука повеќе од еден месец. Со сѐ она што се случува, реакциите, ние сме сѐ уште во потрага по место каде ќе можеме да се сместиме“, вели Шаје Ваингатен-претсваник Лев Тахор- еврејската религоиозна група.
Велат дека бараат предрасудите кои се шират кон нив се неправедени и оти се мирољубивини,а не насилни. Информациите кои кружеле за нив се неточни.
„Зошто не ни се дозволува слободно да патуваме, зошто се креира некаква омраза кон нас, наместо да понесеме позитивни впечатоци од нашиот престој тука. Не сме ниту шпиони, ниту терористи. Луѓето непотребно се агресивни кон нас. Не бевме протерани од БиХ, тоа се само медиумски шпекулации, наш избор беше да заминеме оттаму согласно плановите, за потоа да дојдеме тука. Моментално немаме постојан престој, во потрага сме по земја каде ќе ни биде дозволено да ги практикуваме нашите човечки права и религиозни слободи, како што е запишано и во библијата“, додава Шаје Ваингатен -претставник на Лев Тахор- еврејската религиозна група.
Велат дека за сега немаат план која би била нивната постојана дестинација. Финансиите за нивните патувања низ светот ги обезбувале преку работа он лајн на нивните членови, преку заштеди. Групата е составена од 37 члена, мажи, жени и деца.
Мики Трајковски