Припадниците на религиската група имаат 90 дена легален престој, не се знае кога би заминале

Иако првично најавија дека пред неколку денови ќе ја напуштат нашата држава, припадниците на религиската група, Лев тахор, чиешто присуство вознемири дел од јавноста, почнаа да бараат поевтино сместување и сѐ уште не се знае кога би заминале, вели во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, претседателот на комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски. Како што додава тој, странците имаат право на 90 дневен престој во нашата држава.
„Според информациите што ги добив, уште во вторникот требаше да ја напуштат нашата држава на преминот кон Албанија. Но, тоа не се случи. Се смени нивниот план. Информациите за нивно заминување, во овој рок од 90 дена легален престој, треба да ги добиеме од нив. Во моментов таква информација, барам јас, немам“, вели Сотировски.