

Алсат
01.09.2020 08:15
Високиот крвен притисок кој уште се нарекува и „тивок убиец“ во никој случај не треба да се занемарува бидејќи тој може да предизвика инфаркт, кардио-васкуларни заболувања и го зголемува ризикот од прерана смрт.
Но, добро е да знаете дека ако патите од хипертензија не е потребно целиот живот да пиете таблетки за да го снижувате притисокот. Постојат одредени препарати на природна база кои со децении се користат за намалување на крвниот притисок во алтернативната медицина.
Со помош на овој напиток чиј рецепт следи во продолжение вие ќе можете успешно да го контролирате вашиот висок крвен притисок и да заборавите на таблетките.
За подготвување на овој напиток кој доаѓа од Тибет потребни ви се 4 главици бел лук, 5 лимони со кора и литар и половина вода.
Исчистете ги главиците лук и нив изблендирајте ги заедно со лимоните чија кора нема да ја отстранувате. Изблендираната смеса ставете ја во водата, измешајте и варете ја на тивок оган сè до вриење. Откако смесата ќе се олади, исцедете ја низ газа и ставете ја во стаклено шише. Три пати на ден, пред секој оброк, пијте по една чаша од овој сок. Пијте го еден месец, по што е потребно да направите пауза од два месеца.