ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пристапот на пожарникарите отежнат од лимените огради и паркирани возила

Пожарот кој утринава избувна во Универзалната сала во Скопје е сè уште активен.

Advertisements

На местото се присутни повеќе противпожарни екипи, но пристапот кон објектот е отежнат поради што сè уште не може да се интервенира, јавува репортерот на „360 степени“.

Во моментов на терен се отстрануваат лимените огради околу Универзалната сала за да биде овозможен пристап кон објектот. Претходно со пајак-возило беа отстранети автомобилите во околина на објектот.

Вработени во Универзална за „360 степени“ кусо изјавија дека во еден момент слушнале дека нешто пукнало, виделе чад, по што веднаш се јавиле во противпожарната служба.

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, вели дека на единствениот број за итни случаи112 е добиена пријава за пожар на отворено кој се шири над објектот на Универзалната сала лоцирана на булевар „Партизански одреди“, во Скопје. „Гори една од куполите на објектот. ТППЕ Град Скопје се на лице место“, вели Ангелов.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button