ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Пристигнаа 30.000 вакцини на „Синовак“, донација од Република Турција

Денеска во земјава пристигнаа 30 илјади вакцини „Синовак“. Пратката е донација од Турција, а веста за вакцините ја објави министерот за здравство Венко Филипче, кој додаде дека вакцините во најкус рок ќе бидат дистрибуирани до вакциналните пунктови.
„Сакам да изразам голема благодарност до Турција и претседателот Реџеп Таип Ердоган за поддршката, но пред сѐ за експресната испорака на ветената количина која е многу значајна за нас. Вакцините во најкраток рок ќе бидат дистрибуирани до вакциналните пунктови ширум државата“, напиша Филипче.