МАКЕДОНИЈА

Пристигнува циклон од Џеновскиот залив и носи голема промена на времето

Времето на вториот ден од октомври ќе биде претежно сончево и пријатно топло. Денеска во најтоплиот дел од денот температури над 19 степени, локално до 25.

Advertisements

Над Италија денеска ќе се формира циклон во Џеновскиот залив и попладнево ќе ни донесе облачност, а утре дожд. Промената на времето доаѓа вечерва и поради пад на воздушниот притисок биометеоролошката прогноза не е поволна.

Времето во Македонија наутро ќе биде студено, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 7, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени.

Во Скопје утрото посвежо, а преку денот претежно сончево со слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 25 степени.

Во четврток попладне претежно во западните подрачја ќе има повремен дожд.

Под влијание на циклонска активност во петок и за време на викендот на повеќе места ќе има повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни, проследени со грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на невреме.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button