ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Притвор за 9, петмина во ќуќен притвор за манипулациите со инвалидските пензии

Притвор за 9, петмина во ќуќен притвор за манипулациите со инвалидските пензии

Кивичниот суд одреди мерка притвор од 30 дена за 9 осомничени, за уште 5 лица мерка куќен притвор, додека за уште деветмина осомничени судот одреди мерка обврска за јавување во суд и им беа одземени патните исправи. Еден осомничен сè уште е недостапен. Во истрагата на обвинителството се опфатени 49 лица, меѓу кои пациенти, матични лекари, специјалисти, адвокати и службеници од здравствени институции од Скопје, Велес, Тетово, Гостивар и од неколку други градови. За време на полициската акција пред два дена беа запленети 110 илјади евра, 65 илјади денари, мобилни телефони, тетратки со податоци за должници, разни медицински документи и факсимили.

Advertisements

Сите се осомничени за злоупотреби поврзани со процедурите за доделување на финансиска помош за нега на друго лице, како и за инвалидски пензии. Истрагата на обвинителството е насочена кон медицинскиот персонал кој во замена за мито издавал лажни здравствени извештаи, кои потоа биле користени како докази пред соодветните комисии за остварување на права кои законски не им припаѓаат..

„Осомничените презеле незаконски дејства, подготвиле, обезбедиле и користеле медицинска документација како што се лекарски уверенија, отпусни листи, лекарски извештаи, прегледи, психолошки тестови, конзилијарни мислења, потврди за медицинска опрема со невистинити документи“, велат од Обвинителството за борба против организиран криминал.

Заради мито, лекарите издавале лажни здравствени извештаи за пациентите.
Според информациите на Алсат, обвинителите од Пензискиот фонд собрале податоци за лекари од комисијата за инвалидска пензија кои биле ангажирани во текот на 2023 година, но и за 13 лица кои биле во постапка за пензионирање. Од нив, само еден добил правосилна одлука за инвалидска пензија, додека останатите биле во постапка. Од Пензискиот фонд истакнуваат дека засега комисијата за инвалидска пензија функционира нормално и дека во истрагата не се опфатени членови од актуелниот состав. Колкава е штетата врз буџетот, од Пензискиот фонд велат дека не можат да прецизираат, бидејќи тоа треба да го утврди обвинителството.

Од Министерството за Социјална Работа, Демографија и Млади, во чиј состав е комисијата од каде се доделува финансиската помош за нега на болно лице, не одговорија на прашањата на Алсат во врска со тоа колкав е финансискиот импакт врз буџетот./Алсат.мк

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button