ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Притвор за еден од уапсените кои влегоа со багер во дворот на поликлиниката Бит Пазар

Судија на претходна постапка определи мерка притвор во траење од осум дена за првоосомничениот кој во петокот вечерта околу 19 часот го узурпираше земјиштето во дворот на поликлиниката Бит-пазар. За вториот осомничен, односно лицето кое го управувала багерот, определени се мерки на претпазливост. Како што појаснуваат од Основното јавно обвинителство, против двете лица е поведена постапка за кривичното дело узурпација на недвижности. Надлежниот јавен обвинител предложил притвор, оценувајќи дека постои опасност осомничените да го повторат делото. Двајцата со багер урнале дел од оградата на поликлиниката и почнале да го рамнат и тампонираат со намера да го претворат во паркинг иако немале соодветна дозвола од Општината за тоа.