Притвор за приведените полицајци од Куманово

Кривичен им определи 30-дневен притвор за двајцата полициски службеници од Куманово кои завчера беа лишени од слобода, а против кои обвинителството отвори истрага за кривични дела – попречување на правдата, злоупотреба на службената положба и фалсификување на исправа. Станува збор за двајца инспектори од Куманово – едниот за економски криминал, а другиот инспектор за имотни деликти.
Истражните органи вчера соопштија дека и двајцата во неколку случаи влијаеле во постапки против трети лица, попречувајќи ја правдата и овозможувајќи им на други да се стекнат со имотна и парична корист. Од обвинителството за гонење организиран криминал и корупција соопштија дека обвинителот кој работи на случајот оценил дека имајќи ги предвид нивните работни позиции, доколку се бранат од слобода и двајцата би можеле да влијаат врз сведоци и да ја попречат постапката, поради што е донесена одлука да се побара притвор која потоа судот ја одоборил.