ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Притвор за приведените шверцери на мигранти, минатата недела спречени 500 обиди за нелегален влез

Кривичниот суд им одреди притвор на шестемина осомничени криумчари на мигранти. Зад решетки е и можниот лидер на криминалната група, 33-годишен велешанец. За него и за уште две други лица од Блискиот Исток полицијата соопшти дека има докази оти организирале криумчарење на мигранти од Авганистан, Пакистан, Сирија и Бангладеш. Овој случај, но и олабавувањето на мерките против корона вирусот во земјава го отвора прашањето дали може да придонесе за старт на нов мигрантски бран? Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели:

Advertisements

„Е, сега дали имаме зголемување на бројот на илегални обиди за влегување во државата? Има. Секогаш кога настануваат подобри и поповолни временски услуви, нормално дека од островите преминуваат на копно, на територијата на Република Грција и понатаму сакаат да продолжат кон нас…“, рече Спасовски.

Претходната недела полицијата спречила околу 500 илегални обиди за премин на границата. Во кампот „Винојуг“, кај Гевгелија дневно се евидентираат по околу 15 мигранти. Инаку, трговците со луѓе за шверц на мигранти наплатуваат по околу 1.000 евра по лице за нелегално да ги пренесат од Грција, низ Македонија до Србија.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button