Притвор за „тик-ток“ анестезиологот од Тетово, му се заканува и затвор
Притвор за „тик-ток“ анестезиологот од Тетово, му се заканува и затвор

Судот му одреди 8 дена притвор на Валтон Дервиши, осомничен за две кривични дела по објавувањето на видео снимката на тик-ток од гинеколошкото одделение во Градската болница во Тетово. Јавното обвинителство го гони за „несовесно работење“ и за „неовластено снимање“, две дела за кои му се заканува казна затвор и до 8 години. Повикувајќи се на Кривичниот законик, на службено лице за несовесна работа му се заканува казна затвор од 3 месеци до 5 години, а за неовластено снимање од службеното лице, дополнителни најмалку 3 години затвор.
Неовластено снимање, член 152, став 2
„Тој што неовластено ќе направи фотогорафски, филмски или видео снимки на друго лице или на неговите лични простории без негова согласност, повредувајќи ја неговата приватност или тој што таквите снимки непосредно ги пренесува на трето лице или му ги покажува или на друг начин му овозможува со нив да се запознае, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година. (2) Ако делото од став 1 противзаконито го стори службено лице во вршење на службата, ќе се казни со затвор од три месеци до три години.“
Неофицијално дознаваме дека лекарот ги признал делата, па постапката ќе се одвива забрзано. Истрагата може и да се прошири за прекршување на здравствените протоколи, а моралната санкција може да се приложи на неговото кривично гонење како резултат на повреда и дискредитација на пациентот. Органите на прогонот не можат да кажат дали во истрагата против анестезиологот ќе биде опфатена и друг, поточно лицето со кое тој комуницирал преку социјалната мрежа тик-ток. Експертите оценуваат дека мора да се земат во предвид сите околности.
„Добро е што обвинителот ги зема предвид овие околности и добро е што ова дело е казниво бидејќи на овој начин општеството ја губи довербата кон професионалноста и соодветниот медицински третман, а го оцрнува и општеството кое сепак има морални, етички и професионални принципи“,изјави Сејфула Османи, Поранешен судија.
Пред да му биде определен притвор, Дервиши беше отпуштен од работа, а беше покрената и процедура за да му биде одземена и лиценцата./Алсат.мк
Адријан Керими