МАКЕДОНИЈА

Притвореник од Кичево е осомничен за пожарот во битолскиот затвор

СВР Битола поднесе кривична пријава против А.В. (20) од Кичево поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело предизвикување општа опасност во битолскиот затвор.

Advertisements

„На 11.7.2023, во периодот од 19 до 19:20 часот, во Казнено-поправната установа Затвор Битола, пријавениот предизвикал пожар во ќелијата каде што издржувал казна притвор, при што просторијата била опожарена, а биле оштетени и други простории во притворското одделение“, соопшти МВР.

Во пожарот кој пред два дена изби во битолскиот затвор биле евакуирани 18 притвореници.

Како што информираа од Управата за извршување санкции, службените лица од затворот прво почнале сами со противпожарни апарати да го гаснат пожарот, но бидејќи не успеале повикале екипи на противпожарната единица. Исто така, било повикано и надворешно обезбедување од СВР Битола, како и брза помош.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button