ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Приватните автобуси од пет линии во Скопје од утрово не возат поради долг од Градот

Приватните автобуси од „Макекспрес“ од утрово не возат низ скопските улици поради неисплатен долг кон нив од Град Скопје и ЈСП, потврди сопственикот на компанијата, Милорад Димитријевски.

Advertisements

Компанијата има 70-ина автобуси кои се дел од градскиот превоз и сообраќаат на линиите со број 19, 20, 22, 52 и 54.

Прекинот на сообраќајот на овие линии беше најавен вчера, а причината, како што рекоа од „Макекспрес“, е долгот што во моментов изнесува над 30 милиони денари.

Димитријевски вчера побара итна средба со раководството на ЈСП и градските власти и кажа дека бара исплата на долгот за август, септември и октомври, како и да се почне со редовна исплата на неделните аконтации за извршен превоз. Од утрово, па до овој момент, како што рече тој во разговор со „360 Степени“, компанијата не била контактирана од Градот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button