ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Приватните автобуски превозници залудно чекаат состанок со Ковачевски

Приватните автобуски превозници залудно чекаат состанок со Ковачевски

Изгубени сме во маглата што го покри Скопје. Вака приватните превозници ја опишуваат ситуацијата два месеци откако Градот им ги раскина договорите за работа и околу еден месец откако премиерот Димитар Ковачевски им вети дека ќе им излезе во пресрет. Алсат денеска комуницираше со дел од приватните превозници. Исен Халили вели дека нивната економска состојба секој ден е сè потешка.

„Многу е тешко, да останеме без работа повеќе од два месеци, додека од страна на фирмата треба да ги поминеш сите податоци, придонесот, платите, сега е конечната годишна пресметка. Но, без пари не се живее, семејствата имаат секојдневни потреби и трошоци“, изјави Исен Халили, приватен превозник.

Тој се надева дека премиерот ќе им се јави што е можно поскоро, бидејќи доколку сака, институциите можат итно да му ги достават документите што ги бара.

„Мислам дека Владата може побрзо да ги побара податоците и да има точни податоци за да почне да го решава нашиот проблем, бидејќи оваа нервоза не може да се толерира, не можеме да продолжиме вака, не само ние како транспортери, туку и граѓаните кои чекаат на овие студени денови по станиците затоа што нема автобус, додека нашите автобуси џабе се на паркинзи“, рече Исен Халили, приватен превозник.

Алсат праша во Владата дали побарале извештај од Управата за јавни приходи за проблемот на приватните превозници и дали го добиле. Но, од Владата не одговорија на конкретните прашања.
Дури и УЈП избегна конкретни одговори на прашањата дали Владата им испратила барање за извештај за работата и долгот на приватните превозници и ЈСП.

Молк и во Град Скопје. Иако побаравме информација за двата градски огласи за приватни превозници лично да се пријават за да добијат одредени линии, од кабинетот на градоначалничката Данела Арсовска не одговараа.

Приватните превозници во Скопје во ноември престанаа со работа со обвинување дека Град Скопје и ЈСП им должат околу 1,5 милиони евра. Наместо преговори за да се најде решение, Градот им ги раскина договорите за работа. Поради тоа, Скопје сега има голем недостиг на автобуси, а граѓаните долго чекаат на станиците.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button