ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Приватните первозници во неизвесност, граѓаните револтирани

-И денес сте со скратен распоред нели?
„Да и денес, како што ве информираа вчера“.
-Сега што ќе правите?
„Ја завршувам линијата и ќе го носам на паркинг и чекаме некаква вест дали ќе почнеме со работа или не“.
-Што велат граѓаните за скратените  линии?
„Прашуваат дали ќе возите до крај, граѓаните се многу револтирани, особено за линиите 19 и 20, многу се револтирани, сега ќе ја завршам линијата и ќе чекаме одговор“, вели еден возач на автобус.

Advertisements

Со оваа последна станица, возачот на автобуската линија 19  денеска ја заврши работната смена, по ветувањето дека ќе работи до 10 часот.

Поголемиот дел од приватните линии го следеа истиот пример, изразувајќи го својот револт поради неплаќање  на заостанатите долгови од 1 јануари годинава.

Проблемот со приватните автобуси кои претежно ги покриваат периферните региони како Шутка, Чаир, Љуботен итн., се појави на почетокот на годината, по протести поради доцнење на плаќањата. Според приватните превозници, станува збор за 2 милиони евра, кои ЈСП ги нема исплатено кон нив, освен минимални исплати од време на време. Без конечно решавање на долгот, и со упатени закани за раскинување на договорите, ЈСП одлучи да молчи.

Претходните одговори на оваа компанија беа дека не можат да постигнат договор за плаќање со градот Скопје. Проблемот со приватниците го парализираше Скопје и во ноември 2022 година, кога автобуси со денови ги блокираа главните скопски раскрсници. Овој мандат на ЈСП и на градот Скопје останува да се памети како еден од најголемите промашувања во јавниот превоз во главниот град.

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button