Приватните превозници чекаат да завршат процедурите

Приватните превозници се одзваа на повикот на Град Скопје, да се вратат во јавниот превоз. На повикот одговорија три различни компании за сите линии во главниот град. Приватните превозници чекаат што поскоро да завршат процедурите за да почнат со работа.
Зафировски рече дека откако ќе почнaт со работата ќе се заложат за купување на нови автобуси и создавање поефикасен систем.
Повеќе од пет месеци приватните превозници не возат во главниот град. Тоа е поради долгот од над 1,5 милиони евра кој претпријатието за јавен сообраќај го има кон нив. Поради оваа причина тие престанаа со работа во октомври минатата година, додека во ноември неколку недели протестираа со блокирање на главните улици на Скопје. Во февруари транспортерите постигнаа договор со Град Скопје, долгот да се плати и да се пријават на огласот за работа. Во текот на следниот месец се очекува да се вратат на работа околу 210 автобуси на приватни превозници.
Мефаил Исмаили