Приватните превозници и денеска со редуциран возен ред

И денеска приватните превозници сообраќаа со редуцирано работно време. Во 11 часот ги паркираа своите автобуси. Тие дадоа рок до понеделеник – ако не се најде решение целосно ќе го прекинат сообраќајот во Скопје.
„Засега останува „статус кво“. Немавме средба, но како што беше кажано претходно, немаме можност да продолжиме вака, ако не се исплати, ако не се преземат мерки, ќе мора целосно да ја прекинеме работата а не на редуциран начин. Принудени сме да се самофинансираме со наши пари, имаме договор со ЈСП и таму никаде не пишува дека мора да одржуваме градски превоз со самофинансирање, но јасно е напишано дека секоја недела ЈСП е должна да ни плати 70% за да функционираме, а не 6 месеци да немаме приходи“, вели Исен Халили – Возач од линија 19.