ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Приватните превозници не добиле пари од јануари

Приватните превозници не добиле пари од јануари

Хаосот предизвикан со редуцираниот број на автобуси на приватните линии продолжува. Да се најде место во автобусот дури и да стоите е речиси невозможно.

Граѓаните се жалат дека не можат да ги извршуваат секојдневните обврски поради доцнењето на приватните автобуси и долгото чекање на високите температури.

„Јас чекам 19 за Визбегово но нема, некогаш има некогаш нема, 19 нема, 20 нема. Мора да чекаме час до два часа.
Со што патувавте наутро, со автобус?
Да, колку се чека?
Еден час.
Имаше многу луѓе?
Многу”, рече еден граѓанин.

Според информациите, редуцирањето на приватните линии е и до 40%. Сопствениците на автобуси се принудени да ги намалат услугите поради неможноста да купат гориво. Според сопствениците на приватни автобуси, Град Скопје од јануари годинава не ги подмирил долговите кон приватните возачи. Тие велат дека и постојано биле притиснати од Град Скопје да не зборуваат пред медиумите за ова прашање./Алсат.мк

Авни Тахири

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button