Приватните превозници пред банкрот

Бројот на приватни превозници во следните два дена ќе се намалат, а потоа целосно ќе го прекинат сообраќајот. Возачите велат дека се принудени да протестираат поради долгови и неисплаќање на обврските од Јавното претпријатие од јануари годинава.
„Сите колеги се во големи долгови, работиме по цена која само ни овозможува да си ги покриеме трошоците, повеќето се задолжени или преку кредити или на бензински пумпи, кој како може се снаоѓа. Од кој месец не ви платиле од ЈСП? Од јануари наваму. Сакале ние или не, не можеме да продолжиме поради недостиг на средства, еден или два дена ќе се намалат, а потоа целата работа ќе престане“, вели Исен Халили, возач.
„Мојот сопственик се вика Хасан и ми ја прекина работата затоа што веќе не може да вози, досега потрошил 35 илјади евра, на бензински пумпи“, додава Мухадин Халили, возач.
Долгот што ЈСП го има кон приватните возачи е околу 2 милиони евра.
Ниту од град Скопје, ниту од Јавното претпријатие не одговорија на прашањето кога ќе се врати долгот кон приватните возачи и што ќе се преземе за да се реши овој проблем.
Авни Тахири