Приватните превозници сѐ уште ја чекаат средбата во Владата

Сѐ уште нема покана од Владата за средбата на која треба да се најде решение за прашањето на приватните превозници. Многу линии Градот Скопје едвај ги покрива, а најмногу од судирот меѓу Град Скопје и приватните превозници трпат граѓаните.
„Многу, навистина многу, чекаме 30 до 40 минути, мрзнеме овде многу е ладно.. (кој автобус?) 19ка и 9ка кој и да дојде… На доктор тешко е да одиш, треба да чекаш, има премногу луѓе, не можеш да се качиш во автобус… тешко е“…
„Чекам 20 минути, нема редовни автобуси“…
„Да ви кажам, патувам со приватниве таксисти, 50 денари подобро него ова да чекам. Јас сум пензионер, имам слободна но не вреди, порано чекав, но сега не“…
„Сега барем знаеме каков е распоредот, но не се во доволен број“, велат граѓаните.
Скопјани се соочуваат со недостиг од автобуси, по судирите меѓу Град Скопје и приватните превозници, кои неколку дена протестираа со блокирање на крстосницата на главниот град, но по повиците на премиерот да се повлечат, тие се повлекоа од протестира, но не се вратија во сообраќај.
Ајнур Бафќари