ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Приватните превозници се враќаат во сообраќај утре, од Влада најавија 6 еколошки автобуси овв недела

Приватните превозници се враќаат во сообраќај утре, од Влада најавија 6 еколошки автобуси овв недела

Од утре во сообраќај се враќаат приватните автобуси, со цел да се надмине хаосот со јавниот превоз. Сепак, нивното враќање е привремено, додека имаат на располагање финансиски средства. Денеска министерот за животна средина Изет Меџити соопшти дека со помош на Европската Унија се обезбедени 6 еколошки автобуси и во текот на оваа недела ќе бидат донирани на Јавното сообраќајно претпријатие во Скопје.

Advertisements

“Сакам со вас да ја споделам веста дека како Министерство за животна средина и просторно планирање и со донација од Европската Унија, обезбедивме 6 еколошки автобуси и во текот на наредната недела истите ќе ги донираме на ЈСП Скопје”, рече Изет Меџити – министер за животна средина.

Во меѓувреме реагираше советничката на Град Скопје, Ирена Витина, која потенцира дека Меџити нема никаков придонес во обезбедувањето на еколошките автобуси.

Шесте еколошки автобуси се резултат на проектот на кој Град Скопје аплицираше до ЕУ, на кој веќе 2 години активно работи секторот за меѓународна соработка, а набавката ја реализира УНОПС.

Од друга страна, премиерот Христијан Мицкоски вели дека одговорноста за регулирање на јавниот превоз паѓа на Град Скопје. Тој рече дека Владата освен што ќе позајми 250.000 тони дизел гориво за автобусите, размислува и за набавка на над 100 електрични автобуси. Се очекува автобусите да пристигнат следната есен, што се совпаѓа со локалните избори што треба да се одржат во земјава.

Хаосот со јавниот превоз трае веќе две години, кога приватните превозници протестираа со блокирање на главните булевари на главниот град откако тврдеа дека Град Скопје не им ги исплатил парите според договорот. Проблемот кулминираше во четвртокот кога повеќето автобуси останаа паркирани поради недостиг на нафта./Алсат.мк

Зекирија Хаџиу

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button