Приватните превозници утре ја блокираат „Илинденска“

Превозниците во Скопје се враќаат на блокадите. 200 приватни автобуси утре од 6 часот ќе ја блокираат улицата „Илинденска“, по десните ленти во двете насоки од Владата до крстосницата кај салата „Борис Трајковски“. Бараат да им се исплати долгот од околу 2 милиони евра. Во меѓувреме, од понеделник се најавуваат уште поголеми блокади.
Јовановски нагласи дека додека автобусите ќе ја блокираат Илинденска, а приватните превозници ќе се соберат на влезот пред бараките на Град Скопје. Тој ја обвинува градоначалничката Данела Арсовска дека кажува невистини кога вели оти приватните превозници имаат само 70 автобуси.
По прес-конференцијата на директорот на Слобода превоз, Ленин Јовановски, Град Скопје соопшти дека и со оваа компанија на приватни превозници го раскинуваат договорот поради неисполнување на обврските. Градот ги повика сите приватни превозници да се јават на претстојниот повик кој ќе биде објавен во текот на наредната недела за склучување на директни договори за јавен превоз. Во соопштението на Град Скопје се вели дека овој начин ќе биде потранспарентен и полесен за решавање на проблемите.
Мефаил Исмаили