ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА
Приватните превозници во Скопје ќе продолжат со работа до утре до 10:00 часот

Дел од приватните превозници во јавниот превоз на градот во Скопје предупредија дека утре ќе кружат само до 10 часот наутро, а потоа ќе донесат одлука што понатаму.
Тие бараат средства за да можат да продолжат да ги опслужуваат граѓаните со своите возила и велат дека од јануари кога добиле само дел од средствата, не им се исплатени средствата за услугата што им се дава на граѓаните, за што тие сега немаат пари за деривати и одржување на возила.