ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Приватните превозници во загуба по поскапувањето на горивата

Високите температури во последните неколку дена станаа неподносливи за некои професии, особено кога нема и услови за работа. Илија Михајловски, возач на приватен јавен превоз, за Алсат вели дека урбаните линии во градот станале ноќна мора не само за него, туку и за патниците. Автобусите не само што не се климатизирани, туку честите застанувања оневозможуваат каков било облик на ладење на автобусот да биде поудобен за патниците и за самите возачи.

Advertisements

Раководството на здружението на приватни превозници вели дека со сегашните услови, со зголемување на цените на горивата, не можат да го обноват возниот парк со нови автобуси. Актуелно плаќањето на овој вид превоз се врши по километар, а не по број на патници. Километрите се исти, горивото е поскапо, а патници има се помалку.

Здружението на јавни приватни превозници смета дека оваа состојба може да се реши со автобуси стари најмалку 4 години, иако сегашните услови не дозволуваат нивно обновување. 170-те возачи кои се во 80-те фирми кои се членки на здружението на јавните превозници, во случај да не  најдат решение за помош, можат да прекинат со превоз на патници.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button