
Приватните превозници најавуваат дека во секој момент може да го прекинат превозот поради неплатениот долг што ЈСП го има кон нив. Според нив, за 2025 година ЈСП нема исплатено ниту една месечна обврска кон нив, а сè уште им должи и за неколку месеци од 2024 година.
„Нема средства и не можеме да функционираме вака, последната исплата ја добивме пред два месеца и тоа беше за 2024 година, но сè уште ни должат за таа година. За 2025 година не е платено ништо, значи долговите се од 2024 година.
Што ќе направите?
Има ветувања дека ќе се реши, но реализација нема, не можеме да функционираме, немаме финансии и размислуваме да ја прекинеме работата“, рече Узеир Амети – приватен превозник.
Од прекинот на превозот на приватните превозници најмногу страдаат граѓаните и учениците. Тие ја обвинуваат ЈСП и Град Скопје.
„Во Студеничани има автобус на секој час, тоа е малку, треба да има на секои половина час.
Како патуваат учениците? Превозот на учениците е голем проблем, порано имаше автобус во 12:00 часот, но го укинаа, и сега учениците патуваат со 67-ка и губат многу време“, рече еден граѓанин.
Ниту ЈСП, ниту Град Скопје одговорија на прашањата за актуелната состојба со превозниците. Во наредните денови останува да се види дали ќе се врати хаосот со јавниот превоз во Скопје./Алсат.мк
Авни Тахири