МАКЕДОНИЈА

Приведен 56-годишник поради безобѕирно управување со моторно возило

Полициски службеници од Полициската станица безбедност на патниот сообраќај Пробиштип го лишиле од слобода А.Р. (56) од Скопје.

Advertisements

Како што соопшти МВР, ноќеска во 00.44 часот тој на регионалниот пат Р-1205 во пробиштипското село Пишица управувал патничко возило „фолксваген“, со скопски регистарски ознаки, со брзина од 101 километар на час во населено место каде што максимално дозволена брзина е 40 километри на час.

-По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button