ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Камчев изведен пред судија на претходна постапка

Бизнисменот Орце Камчев е донесен пред судија на претходна постапка кој треба да одлучи дали ќе има притвор или не за него.
Од Обвинителството за организиран криминал соопштија дека приведувањето е по доставен извештај на Агенцијата за национална безбедбност (АНБ) дека Камчев се подготвува за бегство.
Приведен бизнисменот Орце Камчев
Бизнисменот Орце Камчев е приведен изутринава во Полициската станица Карпош, потврдија за МИА извори од Министерството за внатрешни работи.
Тој денеска ќе биде изведен пред судија, а според објавите на дел од медиумите Камчев се подготувал за бегство.
Орце Камчев е еден од осомничените во случајот Империја.