Приведен кавадарчанец поради закани кон сограѓанин
Приведен кавадарчанец поради закани кон сограѓанин

Кавадарчанец бил лишен од слобода доцна синоќа поради закани кон сограѓанин и удирање со тврди предмети во влезна врата на неговата викендичка, информираа попладнево од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 21:15 часот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го лишиле од слобода 40-годишниот З.Н., постапувајќи по претходна пријава дека се заканувал на С.Ч., на возраст од 76 години и со тврди предмети удирал во влезната врата од неговата викенд – куќа, појаснија од СВР – Велес.
Тој бил приведен во полициска станица, а потоа бил спроведен во здравствена установа. Известен бил јавен обвинител.
– По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додадоа од СВР – Велес.
Нешто подоцна, во 23:15 часот во ОВР – Кавадарци, пријавено било дека во тобако во градот, едно лице со закана со пиштол кон вработената, одзело пари од дневниот промет.
– Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, нагласија од СВР – Велес.