МАКЕДОНИЈА

Приведен кочанчанец за агресивност и со пиштол удирање женско лице

Кочанчанец бил приведен поради агресивно однесување и удирање со пиштол женско лице, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.

– Вчера во 14 часот во Кочани, полициски службеници го лишиле од слобода О.Ц., на возраст од 38 години. Тој се сомничи дека околу 12.30 часот во угостителски објект во Кочани се однесувал агресивно и со пиштол удрил едно женско лице, појаснуваат од МВР.

Подоцна, при претрес во неговиот дом и во неговото возило „ауди“, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол калибар 7,65 мм, 25 куршуми – калибар 7,65 мм и лисици за врзување.

Лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button